| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе вработени во индустријата

industrija-630x289Бројот на работници во индустријата е зголемен за 7,1 процент во април годинава, во споредба со истиот медесц лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголем пораст е регистриран во главната индустриска група – капитални производи, каде бројот на работници за една година се зголемил за 92,2%. Пораст има и во групите за трајни производи за широка потрошувачка (за 6,1%),  нетрајните производи за широка потрошувачка (за 3,1%) и интермедијарните производи освен енергија (за 1,5%). Намален е бројот на вработени во индустриската група енергија (за 4%).

prerabotuvacka-industrijaВо секторот Преработувачка индустрија бројот на вработени бележи пораст од 8.5%, особено во делот производство на моторни возила, приколки и полуприколки – за дури 216.1%, како и во текстилната индустрија – за 42%.metalska-industrija-580x350

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2014 година, во однос на април 2013 година, бележи опаѓање од 1.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.8%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top