| четврток, 6 декември 2018 |

Сноуден поднел барање за азил во Бразил

Snouden-Spioni-740x320-top

Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА) Едвард Сноуден соопшти дека поднел барање за азил во Бразил и дека очекува тоа да биде прифатено од хуманитарни причини.

– Би сакал да живеам во Бразил – истакна Сноуден, кој моментно се наоѓа во Русија и чијшто привремен азил истекува во август.

Тој нагласи дека побарал азил во неколку земји, вклучувајќи го и Бразил, и очекува дека ќе му биде одобрен од хуманитарни причини, а не за да понуди тајни документи од НСА на која било држава во замена за сигурно засолниште.

Поранешниот системски администратот во НСА минатата гоина објави голем број тајни документи, кои јасно покажаа дека американските разузнавачки служби прислушувале жители на повеќе земји, меѓу кои и на Бразил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top