Неименувана жена пријавила во полиција дека човек со тетоважа во облик на триаголник на вратот ја ограбил додека чекала траект во државата Вашингтон.
Следниот ден, на својата страница на „Фејсбук“ затекла барање за пријателство од непознат маж, по име Рајли Малинс. Ја погледнала неговата слика и се вџасила кога ја препознала неговата тетоважа.
Веднаш повикала полиција, па Малинс (28) бил уапсен. Тој во полицијата изјавил дека го дознал нејзиното име кога во украдената чанта ја пронашол нејзината лична карта и дека сакал да ја има меѓу пријателите затоа што му се допаднала како изгледа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



