Фудбалерот на Барселона Цеск Фабрегас би можел ова лето да се врати во Арсенал по само три години поминати во Каталонија бидејќи неговиот агент Дарен Дин овој викенд имал состанок со менаџерот Арсен Венгер.
Според каталонските медиуми, Венгер веќе ги почнал преговорите со поранешниот капитен и би можел да го врати за сума од 36 милиони евра.
Иако претседателот на Барселона Хозе Марија Бартомеу демантираше дека клубот ќе го продаде Фабрегас, денеска медиумите пренесуваат дека тој не е во планот на новиот тренер Луис Енрике.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


