| четврток, 6 декември 2018 |

Наскоро Галакси Мега 2 од 7 инчи

gsmarena_001Гласините дека Самсунг подготвува смартфон (фаблет/таблет) со екран со големина од 7 инчи се покажаа точни. Имено, на официјалните страници на Федералната комисија за комуникации се појавија два нови модела под ознаките СМ-Т 2558 и СМТ 2556, а на интернет форумите се појави и фотографија за уредот.

Се работи за новиот Самсунг од МЕга серијата со резолуција од 1280 на 720 пиксели. Би работел на четворојадрен    Qualcomm Snapdragon 400 SoC, додека за оперативниот систем и апликациите би биле задолжени 1,5 GB RAM.

Што се однесува до внатрешна меморијата од 8 GB за складирање на фотографии и видеа снимени со 8 МР задна и 2МР предна камера.

Се очекува да биде пуштен на пазарот кон крајот на јуни. За корејскиот пазар ќе го носи името Galaxy W, додека за европскиот пазар ќе биде познат како Galaxy Mega 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top