| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски до Филе: Опозицијата е подготвена за дијалог

branko-i-drugite

Лидерот на СДСМ во писмениот одговор на еврокомесарот, наведува дека опозицијата во деновите што доаѓаат е подготвена за политички дијалог кој би довел до договор

По премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски писмено одговори на отвореното писмо на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, тврдејќи дека, како и во изминатиот период, опозицијата во деновите што доаѓаат е подготвена за политички дијалог кој би довел до политички договор.

„Длабоко ја почитувам Вашата загриженост за политичката криза во нашата земја предизвикана со настаните од 24 ти декември и последиците што таа ги предизвикува за европските перспективи на Македонија. Наполно сум свесен за делот од одговорноста што ја носи опозицијата во процесот на надминувањето на разликите и изнаоѓањето на решение кое ќе ги смири тензиите и ќе ги нормализира состојбите“, вели неформалниот лидер на Здружената опозиција Црвенковски во одговорот до Филе.

Тој, како што натаму истакнува во одговорот, жали што досега не била демонстрирана политичка волја од страна на премиерот Груевски, кој, според него, сите иницијативи и предлози ги одбил, а за што се надева дека еврокомесарот е целосно информиран.

„Се надевам дека соочен со големата одговорност за иднината на земјата Груевски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ ќе демонстрираат вистинска желба за разрешување, а не за продлабочување на политичката криза. СДСМ и здружената опозиција остануваат целосно посветени на одбрана на демократијата, почитување на правото и европската интеграција на Македонија“, додава Црвенковски во одговорот до Филе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top