| четврток, 6 декември 2018 |

Третото место во Келн слаба утеха за Барселона

Барселона го освои третото место на фајналфор турнирот во Келн во ракометната Лига на шампиони, како слаба утеха за неверојатниот пораз вчера против Фленсбург.

Денеска Барса го победи Веспрем со 26-25 во „малото“ финале за освојување на третата позиција. Кирил Лазаров постигна 3 гола за Каталонците, а најефикасен на мечот беше Рутенка со 11 гола, пред Илиќ кој даде 7 гола за Веспрем.

Во тек е големото финале меѓу двата германски состави Кил и Фленсбург, кои во четвртфиналето ги елиминираа нашите Вардар и Металург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top