| четврток, 6 декември 2018 |

Само во мај 799 загинати во Ирак

irakОбединетите нации денеска изнесоа податок дека во мај во бомбашки напади и други слични инциденти во Ирак погинале вкупно 799 Ирачани, што е досега најголем број погинати во текот на еден месец.

Од оваа бројка, 603 биле цивили, а 196 припадници на полицијата и војската, соопштија ОН, додавајќи дека во мај, исто така, се повредени 1.409 Ирачани.

Најмногу жртви минатиот месец имало во Багдад, каде погинале 315 лица, а на второ место е провинцијата Ниневах со 113 погинати.

Податоците не го вклучуваат бројот на погинати во провинцијата Анбар, каде милитантите контролираат делови од два града.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top