Сан Антонио забележа клучна победа од 112-107 на гости против Оклахома и ја доби финалната серија во Западната конференција со 4-2. Мечот беше решен по продолжение, откако во регуларниот дел натпреварот заврши нерешено, 101-101.
Во дополнителното време „мамузите“ беа подобри за 5 поени и си закажаа ново НБА финале со шампионот Мајами хит. Лани загубија во битката за трофејот во 7 меча, што им е еединствен неуспех во петте финални серии за пехарот.
Борис Дија постигна рекордни за него сезонава 26 поени, а Кавај Ленард имаше 17 поени, а Ману Џинобили уфрли 15 поени. Кај Оклахома Расел Вестбрук беше најефикасен со 34 поени, додека Кевин Дурент забележа 31 поен.
Финалната серија ќе почне на 5 јуни, а Сан Антонио ја има предноста да игра еден меч повеќе на домашен терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)
-
Твитер скандал на Трамп: Не е лесно да направите Леброн Џејмс да изгледа паметно
-
Македонскиот балетски уметник Марко Мицов во главна улога во „Рубини“ во Балетот во Сан Антонио
-
Бокс пресметка на теренот во Торонтo, малку фалеше да дојде и до втора тепачка (видео)