Ако постои болка што им е заедничка на жените од сите страни на светот, тогаш тоа секако е целулитот. Кората од портокал на нозете и на задникот особено е грда налето, но борбата против целулитот е можна, иако резултатите не се моментално видливи.
Постојат три вида целулит
Целулитот е всушност наталожување на масни наслаги, а се случува мускулите да станат слаби и недефинирани, па тие наслаги се видливи. Целулитот се дели на три вида.
Влакнестиот целулит е тврд на допир, лесно се поместува под прстите, а кората од портокал е видлива без штипење. Подлабок е, компактен и многу тежок за отстранување.
Адипозниот (мрсен) целулит е мек и безболен при штипење. Може да се најде на колковите и на бедрата, а го предизвикуваат премногу маснотии во исхраната, како и недостиг од физичка активност.
Едемскиот целулит е мек на допир. Кората од портокал е малку видлива без штипење, а површината на кожата е слабо набрчкана. Овој вид целулит обично е последица од проблеми со циркулацијата и од седечкиот начин на живот.
Фази
За да знаете колку е тешка ситуацијата, морате да одредите во која фаза е целулитот, а постојат четири:
Нема видлив целулит, дури и кога ќе се штипнете.
Нема видлив целулит во лежечка или стоечка положба. Кората од портокал може да се види кога ќе се штипнете.
Целулитот е видлив кога стоите, но може да исчезне во лежечка положба.
Видлив е без оглед во која положба сте.
Откако ќе дознаете во која фаза е целулитот, борбата против него може да започне. Но тоа дефинитивно значи промена на вашите навики.
Морате да се движите
Целулитот се појавува на целовите на телото на кои циркулацијата е слаба. Ако веќе не сте редовно активни ниту правите вежби за критичните делови од телото, потрудете се барем при туширање да ја масирате и да ја загревате кожата за да проработи циркулацијата. Ако се одлучите за вежбање, најдобар избор се трчање, пливање и брзо одење бидејќи така ќе ја поттикнете циркулацијата на тешко достапните места.
Третмани дома
Времето за туширање претворете го во мали третмани што ќе ја поттикнат циркулацијата. Добра масажа или пилинг со текот на времето ќе ја подобри состојбата на кожата.
Важни се малите работи
Сите жени што имаат канцелариска работа и многу седат, имаат поголеми шанси за да добијат целулит на нозете и на задникот. Ако имате физички неактивна работа, почесто правете паузи и шетајте, пијте доволно течности и пробајте да се движите во слободно време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.