| четврток, 6 декември 2018 |

Фленсбург воскресна како феникс и ја елиминира Барселона

Фленсбург направи голема сензација и пресврт и успеа да ја елиминира моќната Барселона по подобро изведување на пенали. Во регулараниот дел мечот заврши нерешено, 32-32, а Фленсбург направи невиден подвиг, кога во последните десетина минути анулира негатива од 26-32 и се избори за продолженија од двапати по 5 минути. Барселона не даде гол повеќе од 8 минути и мечот продолжи со дополнителни минути.

И во тој дел од играта Барселона постојано имаше предност, но упорните Германци не се предаваа и се изборија за панл серија. Од 7 метри ракометарите на Фленсбург не промашија  ниту еднаш и заслужено за првпат ќе играат во финалето. Завршниот меч во Келн ќе биде комплетно во германска режија, бидејќи претходно и Кил успеа да се најде во мечот за титулата по триумфот над Веспрем со 29-26.

Кирил Лазаров и Барселона ќе учествуваат во мечот за трето место против Веспрем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top