Oд денес ексклузивно само во Градското кино Милениум, во термините од 20 часот ќе биде проектиран филмот „Кралот на пингвините“ (The Penguin King) во 3Д продукција, креиран од генијалните Тим Ален (Tim Allen) и Дејвид Атенборо (David Attenborough), но и нахсинхронизиран на македонски јазик..
Приказната го следи патувањето на Кралот на пингвините назад кон родното место, Градот на Пингвините. Едно од најнаселените и најбараните места за живеење во западната хемисфера. Тој мора да го пронајде својот животен сопатник и да се избори за своето место под сонцето. Неговата приказна е неретко комична, понекогаш трагична, но и крајно триумфална. Неверојатна 3Д авантура за патот на еден посебен пингвин сместено во една од последните светски прекрасни и недопрени дивини.
Веќе од четврток во Градското кино Милениум ќе игра „Хичкок“, филмот за легендарниот режисер Алфред Хичкок, во режија на Саша Герваси, со Ентони Хопкинс, Хелен Мирен и Скарлет Јохансон во главните улоги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура



