| четврток, 6 декември 2018 |

Ја извлекол од вц, и ја искинал облеката, па и ги тепал децата

Вистински хорор преживеала дваесет и две годишна тетовка, откако сограѓанин ја нападнал пред нејзините деца.

Околу 15:30 часот, додека тетовката била во полско ВЦ, вратата насилно ја отворил С.К.(33), кој ја извлекол и почнал да и ги кине здолништето и блузата.

Децата на нападната жена кои биле во близина почнале да плачат, по што С.К. се свртел кон нив и почнал да ги тепа, но во истиот момент поминал неговиот брат, по што тој избегал.

Од полицијата информираат дека на лице место е извршен увид, а по превземените мерки С.К. е приведен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top