Заканата од воведување на нови санкции против Русија поради украинската криза останува во сила, соопшти заменик советникот за национална безбедност во Белата куќа, Бен Роудс.
На прашањето дали САД ќе побараат од своите сојузници нови санкции против Москва, Роудс одговори дека ако продолжи ескалирањето на украинската криза последиците за руската економија ќе бидат посурови.
Прашањето за нови санкции против Русија ќе биде разгледано на средба на врвот на Г-7 на 4 и 5 јуни во Брисел, на која ќе учествува и американскиот претседател Барак Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


