Судот во Њујорк прогласи виновен 75-годишен Пакистанец кој ја убил својата сопруга затоа што му зготвила леќа наместо оброк од месо кој го посакал, пренесува Макфакс.
Нур Хаусаин сметал дека имал право да ја дисциплинира својата 66-годишна сопруга со удари од дрвен стап кога видел дека наместо нарачаниот ручек од козјо месо таа му приготвила леќа.
Назар, инаку негова трата сопруга, со тоа не му искажала почитување и го навредила, појаснил Хусаин пред судот, каде што се утврдило дека со стапот тој ја „дисциплинирал” сопругата изминатите 15 години во нивниот стан во њујоршки Бруклин.
Судијата не ги прифатил аргументите на адвокатот дека станува збор за убиство од небрижност, па Хусеин се соочува со затворска казана од 25 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.