Не е лесно да си Канаѓанец деновиве и притоа да си политички агилен член на заедницата и да се размислуваш за кого да го дадеш гласот на градоначалничките избори. Во трка е актуелниот градоначалник Роб Форд, кој по неколкуте афери меѓу кои и онаа кога беше снимен како пуши крак/ кокаин, изјавува дека се чувствува одлилчно по рехабилитацијата.
Негова противничка која до октомври ќе се обиде да ги придобие гласовите на мнозинството е Ники Бенц, канадската порно ѕвезда. Таа зад себе како доказ за посветеност и издржливост во работата има 217 филмови за возрасни. Се 0чекува властите да и дозволат да се регистрира како 55 кандидат во трката откако во средата официјалните лица и ја одбиле возачката дозвола како прифатлив документ за идентификација.
Но, 32 годишната актерка веќе се рекламира низ градот како „Најсекси градоначалник на Торонто“, а во кампањата се служи и со играта на зборови од нејзиното и презимото на актуелниот градоначалник „Заменете го Форд со Бенц“. Преку весникот „Торонто сан “ ветува дека „ќе ја донесе индустријата во градот, што ќе донесе многу профит“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.