Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изразил „загриженост од операцијата на киевските власти“ во источниот дел на земјата.
Путин изразил надеж дека „новото раководство на Украина ќе ги прекине насилните дејствија против цивилното население и ќе пристапи кон почеток на директен дијалог со претставниците на регионите“.
Ердоган „позитивно ги оценил преземените решенија од страна на рускиот претседател за подобрување на положбата на кримските Татари и за обезбедување на нивно целосно учество во општествено-политичкиот живот на Крим“. Двајцата соговорници се договориле да одржуваат контакт по ова прашање.
Шефот на руската држава и турскиот премиер, исто така, ја разгледале и ситуацијата во Сирија. Тие заземале заеднички став дека не се дозволени какви било контакти со радикални групи, посебно поврзаните со Ал Каеда, додавајќи дека е неопходно нивно неутрализирање.
Освен тоа, Путин и Ердоган констатирале „недостаток на алтернатива за решавање на внатрешно сирискиот конфликт со политички средства“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка