Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека ја поддржува кандидатурата на Жан-Клод Јункер за претседател на Европската комисија, пренесоа француските медиуми. „Отсега натаму сите разговори ќе ги водам со идејата дека Жан-Клод Јункер треба да стане претседател на Европската комисија“, се посочува во твитот на нејзиниот порпарол Штефен Зајберт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.