| четврток, 6 декември 2018 |

Вахабисти им помогнаа на пет поплавени српски семејства кај Добој

Босански Срби од село во близина на Добој, во Република Српска, добиле помош од радикални исламисти од Зеничко-Добојскиот кантон и тоа е регистрирано на снимка што деновиве се лиферува на ЈуТјуб, соопшти српскиот сајт „Вести онлајн“.

poplava

Со овој гест членовите на вахабиската заедница, кои најчесто се спомернуваат по лошо, ги изненадаја и трогнаа Србите од селото, чиј имот беше речиси целосно уништен од поплавите, пренесува бугарската агенција БТА.

– Имам две болни деца, а останав без ништо. Досега никој не не посети, Вие сте првите кои дојдоа и ни донесоа помош. Многу Ви благодарам. Бог да Ве поживее – изјави локалната жителка Милена Милошиќ.

– Откако се случи потопот постојано се молам Алах да Ви ги олесни маките, а сега дојдовме да Ви помогне колку што можеме – одговарија исламистите. Десет вахабисти со минибус донесоа пакети со храна, вода и лекарства за петте српски семејства од селото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top