| четврток, 6 декември 2018 |

Бројот на работници во индустријата зголемен за 7,1 отсто

Zelezara-MAKSTIL_48211

Бројот на работниците во индустријата во април 2014-та, во однос на април минатата година, бележи раст од 7,1 отсто, а за периодот јануари-април оваа
година во однос на лани раст од 6,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во април 2014 година, во однос на април 2013 година, бележи опаѓање од 1,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,8 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2014 година, во однос на април 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,5 отсто, Капитални производи за 92,2 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4,0 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top