Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во придружба на градоначалникот Владимир Талески денеска во битолското село Маловишта ја посетија 73-годишната Вера Лича, која живее сама, и ѝ доделија директна помош за обнова на нејзината куќа.
На средбата во потпелистерското село Маловишта, министерот Спасов потврди дека директната помош и поддршка на Лича и се доделува по нејзината цврста одлука да остане во својата куќа и да не се смести во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ каде ќе има подобри услови за живот.
– Кога дознавме за проблемот реагиравме веднаш. Ние во соработка со градоначалникот и Центарот за социјални работи во Битола интервениравме за овој случај, за тетка Вера, која е во социјален ризик и која живее во субстандардни услови, а со цел да и помогнеме да го надмине ризикот во кој што се наоѓа, но и да ги подобриме условите за нејзин живот, посочи министерот Спасов.
Тој потврди дека Центарот за социјални работи во Битола повеќе пати помагал, а на Лича и било понудено и сместување во Домот за стари лица, но сепак се испочитувала нејзината одлука да остане во својата куќа.
– Со поддршка на општина Битола објектот набрзо ќе биде реновиран и тетка Вера ќе има многу подобри услови за живот. Исто така ќе продолжиме со постојана парична помош, а ќе обезбедиме и еднократна парична помош. Куќата ќе ја опремиме преку акцијата „Се грижиме за топол дом“ со целосна опрема, мебел и покуќнина, а ќе обезбедиме и донации во храна, облека и средства за хигиена со цел целосно да го надмине ризикот во кој што се наоѓа и значително да се подобрат нејзините услови за живот, истакна Спасов.
Општина Битола за најкус временски рок ќе ја реконструира на куќата и ќе обезбеди нови услови за живот на осамената Вера Лича од селото Маловишта кое се наоѓа на територијата на националниот парк „Пелистер“, потврди градоначалникот Владимир Талески.
– Сакаме да помогнеме максимално и затоа општината стопроцентно ќе го санира објектот кој имаше разрушен ѕид. Кровот ќе биде целосно нов, ќе поставиме дограма и нов под. Објектот освен што го спасивме од рушење туку ќе биде целосно нов, а градбата сигурна. Ја почитуваме одлуката да остане во нејзината куќа иако и понудивме сместување во домот за стари лица, истакна Талески.
Министерот Диме Спасов и градоначалникот Владимир Талески за време на денешниот престој во селото Маловиште го посетија и Храмот „Света Петка“ изграден во 1856 година и постојаната галерија на икони во која се поместени икони од 17, 18 и 19 век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов
-
Дебело досие и дебели лаги: Криминалецот Динарица во одбрана на Спасовски