| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Растот на индустриското производство е сигнал за инвеститорите

Muzej na VMRO nova postavka 11 (Custom)
Растот на индустриското производство објавен пред два дена е добар показател, особено затоа што веќе има тренд од септември до сега секој месец зголемување на индустриското производство.

Ова денес го истакна премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, кој посочи дека тоа е сериозен тренд од 8 месеци зголемување на индустриското производство.

-Тоа укажува дека македонската економија се движи во добар правец, дека мерките што Владата ги превзема за време на кризата дадоа ефекти за излегување од кризата и за посилно опоравување. Тоа е и сигнал за инвеститорите и компаниите дека можат да влезат во поголеми инвестиции и поголеми вложувања затоа што веќе е сосема јасно после 8 месеци зголемување на индустриското производство дека економијата оди во добар правец и дека ова е време за инвестирање – истакна Груевски.

Индустриското производство во април годинава бележи раст од 2,2 проценти во однос на април лани, а во првите четири месеци од годинава во однос на периодот јануари-април 2013-та е поголемо за 3,1 отсто, објави Државниот завод за статистика

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top