
Вода, лекови, храна, облека – сите помагаа на Србија и БиХ. Но пратката на Црвениот крст на Црна Гора со хуманитарна помош наменета за Црвениот крст во Добој, пред два дена беше запрена и вратена од граничниот премин Клобук. Причина – пиво.
Меѓу стоката од хуманитарен карактер се пронајдени 60 пакувања пиво од по два литра, кое не се смета како хуманитарна помош. туку како акцизна стока.
Ратко Ковачевиќ, портпаролот на Упрвата за индиректно однаочување на БиХ, потврди за РТС дек пивото е вратено од граничниот премин.
– Која било акцизна стока, како вино, пиво, цигари… не може да биде предмет на ослободување кога се во прашање хуманитарни пратки. Во тој контекст моравме пратката да ја запреме. Пивото ќе мора да се врати во Црна Гора, а увозниците ќе мора да достават нова спецификација на стока без пиво. После тоа, постапката на преминот Клобук и пратката е упатена кон внатрешноста на БиХ – рече Ковачевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


