| четврток, 6 декември 2018 |

Сакате ли да ги видите страдањата на македонскиот народ?

Muzej na VMRO nova postavka 07 (Custom)

Сакате ли да видите што прави турскиот аскер? Влегувајте внатре! Влегувајте! Сакате да видите каде се вашите браќа и сестри? Сакате да ги видите страдањата на македонскиот народ?

Актер, кој глуми војник на турската војска одеднаш те зема за рака и практично те втурнува во новата поставка на Музејот на македонската борба, која денеска беше промовирана. Така беа втурнати и премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, вицеприемиерот Владимир Пешевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, потоа Јордан Плевнеш и други личности, кои денеска присустуваа на поставката, која за посетителите на Музејот ќе биде отворена од вторник, 3 јуни.

Актери од Македонскиот народен театар, од ЕСРА се дел од автентичната музејска поставка во која се прикажани страдањата на македонскиот народ низ вековите. Восочни фигури, но и актери се дел од преставата, која ја режираше Дејан Пројковски, а Валентин Светозарев беше задолжен за сценографијата. Целиот перформанс трае десетина минути, просторот дозволува да се влегува во групи, оптимално е седум лица да ја погледат поставката. Актерите се меѓу посетителите, за да може да ја доловат вистинската атмосфера и тоа што се случувало пред многу години.

Темници, глави на кол, трупови, тепања, затвори, мајки што си ги барраат своите загубени деца, бесилки, џелати… Ова не е глетка за тие со слабо срце. Секако, оваа музејска поставка не е ниту за малолетни деца.

– Каде е Коста, сте го виделе ли мојот Коста? – прашува мајката што оди по вас и го бара загубениот син.

Посетителите се сведоци на ѕверското малтретирање на Страшо Пинџур, на Мирче Ацев, на вработените во затворите, а во глава постојано им одѕвонува плачот на мајките што ги бараат загубените синови.

– Страшно. Уште сум потресена – коментираше актерката Јелена Жугиќ по завршување на поставката.

Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top