| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка дели бесплатна марихуана низ Америка

Една девојка со цел да го подобри расположението на граѓаните од Сиетл, минатиот викенд делела бесплатна марихуана, објави магазинот „Тајм“.

Станува збор за 23-годишната Јени Слејд, која шета низ градовите во САД и на разни места остава летоци со разни пораки, на кои има залепено и мало количество марихуана.

Слејд, која потекнува од Калифорнија, пред неколку месеци истото го направила и во Њујорк, што наишло на добри реакции, па одлучила да продолжи со таквата пракса.

– Мислам дека луѓето се малку загрижени затоа што ова е нешто ново. Сомнителни се. Но, тоа е вистинска „трева“ и не е ништо опасно во прашање, изјави Слејд.

Минатиот викенд таа во Сиетл поделила 40 пакетичња марихуана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top