| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатно: Водеше, падна, ја прегазија конкурентките и на крајот… (видео)

atletika, padna i pobediСтудентката Хедер Дорниден од Универзитетот во Минесота во САД во 2008 година стана симбол за упорноста и спортскиот дух со подвигот што го направи на трката на 600 метри од универзитетското првенство.

Дорниден во првите 200 метри водеше, но тогаш се сопна и падна. Другите натпреварувачки протрчаа преку неа и продолжија кон целта.

Но, место да се откаже, Хедер веднаш стана и продолжи да трча, на изненадување на публиката на стадионот од каде што доби силна поддршка за потегот. Но, тоа не бешсе сѐ што видоа присутните од неа. Иако до крајот на трката имаше помалку од 400 метри, таа успеа да ги престигне противничките и да стигне прва на целта со што ја шокираше и публиката и коментаторите!

– Среќа што трчав на домашен терен, па имав многу поддршка од родителите, роднини, пријатели. Целиот стадион ми даваше сила. Го слушнав спикерот кога рече „внимавајте на Хедер Дорниден“. Да, си помислив, внимавајте на Хедер! Во последните 50 метри толку додадов гас, што и самата се изненадив – раскажуваше подоцна Дорниден.

Инспиративното видеото што подоцна беше објавено и видено од милиони луѓе во светот испраќа универзална порака „Никогаш не откажувајте се од трката“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top