Врнежите што почнаа во четврток доцна попладне продолжуваат и в петок, но со најголем интензитет во утринските часови од овој ден. Врнежите повремено ќе има во поголем дел од земјата и во претпладневните часови, но со помал интензитет. Попладнето носи намалување на дождот во повеќе краишта, а во вечерните часови дожд локално се очекува во крајните западни делови од земјата.
Според метеопро.мк, дневниот максимум на температурата на воздухот ќе има вредност 19 Целзиусови степени во котлините во западниот регион, и околу 20 Целзиусови степени во котлините од источниот крај. Југот на повардарието очекува максимална температура до 23 Целзиусови степени.
Во Скопје раните утрински часови носат повеќе дожд. Во претпладневните часови сеуште ќе преовладува дождливото време, но со помал интензитет. Можност за слаб дожд ќе има и попладне, а вечерта носи престанок на врнежите. Дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност до 21 Целзиусов степен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



