Селекторот на машката ракометна репрезентација Звонко Шундовски се реши да го врати тимот десното крило Владимир Темелков за денешниот меч против Кипар, откако вчера неговото место го зазеде Златко Мојсоски
Помладиот од браќата Мојсоски денеска нема да биде во составот.
Денеска во рамки на 2.коло од Б групата игра натпревар за влез во осминафиналето на СП. Противник е селекцијата на Катар, која вчера убедливо беше поразена од европскиот шампион Данска со 41:27.
За Катар ова е четврто учество на Светските првенства и по пауза од шест години повторно се враќаат на светската ракометна сцена. Претходно учества имаа 2003, 2005 и 2007 година. На шампионатот изборија пласман како финалисти на Азиското првенство каде во финалето беа поразени од Јужна Кореја.
Катар е домаќин на следното Светско првенство во ракомет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


