
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија, за утре најавува времени прекини на снабдувањето со електрична енергија во дел од населбите во општините Бутел, Илинден, Ѓорче Петров и Карпош.
Без струја во Општина Бутел утре од 08:30 до 12:30 часот ќе бидат од корисниците од населбата Радишани, – село Љубанци, Љуботен Раштак, село Смиљковци и дел од населбата Бутел. Од 9 до 15 часот, пак, во Општина Илинден, ќе има прекини на електричната енергија за корисниците од Интергрос, село Ајватовци, село Бунарџик, делод Амајлија (пат за село Бунарџик кај Сието.
Во периодот од 09:30 до 14 часот ќе има прекини на струја за корисниците од ул. Ботун (општина Карпош) и село Кучевиште. ( општина Чучер Сандево ), од 11:30 до 15 часот, за корисниците од ул.Мечкин Камен и објектите во околината, (општина Ѓорче Петров). Без струја од 12 до 15:30 часот,според РЦУК, ќе бидат дел од корисниците на ул. Козле од број 56а (општина Карпош).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


