| четврток, 6 декември 2018 |

На патот Охрид – Кичево: тројца повредени во сообраќајна несреќа

nesreka

Тројца се повредени, од кои две лица потешко во сообраќајна незгода што се случи доцна попладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на Ново Село, пренесува OхридПрес.ком.

Несреќата, како што пишува порталот,  се случила околу 17:00 часот и во неа учествувале два автомобили и едно товарно возило – камион.

Повредените две лица се префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид.

Глетката, според очевидци на овој немил настан, била непријатна.

Причините поради кои дошло до тешката сообраќајна засега се непознати, екипите вршат увид не местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top