
Белорусија сериозно размислува да го врати кметството. Владата на оваа земја не сака да им дозволи на фармерите да ги напуштат работните места и да се преселат во град.
– Вчера на мојата работна маса беше ставен декрет за кметството – изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко по состанокот на кој се разговарало за подобрувањата во областа на сточарството.
Лукашенко е во потрага по решенија со кои ќе се спречат миграциите, па опседнат е со земјоделството.
Тој изјави дека се надева оти декретот ќе ги поттикне селаните да работат повеќе.
– Не смее да се напушти работата како фармер. Веќе не очекувајте неограничена слобода – изјави белорускиот диктатор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


