
Секој ден во Источниот регион има по еден жител помалку и на ниво регионот само за три месеци има 114 жители помалку. Ова е разликата помеѓу родените и починатите, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика за периодот во првите три месеци од годинава
По градови, бројот на родени и починати изгледаат вака:Берово 28 со 43; Виница 38 со 54; Делчево 34 со 40; Зрновци 5 со 4; Карбинци 13 со 21; Кочани 76 со 112; Каменица 17 со 18; Пехчево 13 со 16; Пробиштип 29 со 52; Чешиново – Облешево 10 со 26; Штип 121 со 112.
Освен Зрновци со 1 и Штип со 9 како симболични број на позитивен природен прираст, сите останати 9 општини се со минус граѓани. Најголем минус имаат Кочани 36, Пробиштип 23 и Чешиново-Облешево 16 лица.
На ниво на Источен регион само за три месеци има 114 жители помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


