Овој град во Кина е наречен град на духови, меѓутоа не е единствениот напуштен во оваа земја. Проценето е дека постојат повеќе од 60 милиони станови без станари во околу 200 „фантомски“ градови во 12 различни провинции во Кина.
Станува збор за Тијандученг, место во Кина кое требало да биде вистинска туристичка атракција и да изгледа како Париз, меѓутоа планот никогаш не се реализирал. Во него сега речиси нема луѓе, а првичната идеја била овој град да прими 10.000 жители.
Моментално во Тијандученг живеат околу 2.000 луѓе, што значи дека 80 проценти од неговиот капацитет не е искористен. Недалеку од „кинескиот Париз“, во Кина има и копија на Лондон. Изградбата на кинеската верзија на англиската престолнина била завршена во 2006 година, а репликата е толку верна што некои сопственици на англиски пабови ги тужеле кинеските градежници за кражба на интелектуална сопственост.
Кинеските власти ги поддржале проектите за изградба на познати светски градови и туристички атракции, како што се престолнините Париз и Лондон, меѓутоа речиси сите сега се „градови на духови“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.