| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на македонскиот филм „Три во едно“ во Прилеп

коле ангеловски

Македонска премиера на филмот „Три во едно”, по сценарио и во режија на Коле Ангеловски, ќе се одржи во петок вечер во киното „Мис Стон” при Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп.

Филмот во Прилеп ќе се прикажува во сабота и во недела, а во кината низ Македонија ќе почне да се прикажува од септември.
– Со големо задоволство и елан го работевме филмот кој се надевам дека ќе предизвика интересирање, бидејќи се опфатени теми од секојдневниот живот. Ова е втора филмска комедија што ја режирам по „Викенд на мртовци“, а прва со прилепскиот ансамбл, кој е одлична екипа – изјави Ангеловски.
Продукцијата е на 3Д, директор на фотографија е Антонио Божиноски, монтажата е на Боби Стојменоски, сцената и костимите на Илина Ангеловска, додека автор на музиката е Томче Темелкоски.

Во филмот настапува целата екипа на прилепскиот театар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top