Македонскиот филм „Трето полувреме” имаше проекција на „Риал ток“, серијал за филмски рецензии воден од Стивен Фарбер, претседател на Филмското здружение на критичари на Лос Анџелес, а по прикажувањето на филмот се одржа панел-дискусија со неговиот режисер и сценарист Дарко Митревски.
-Трето полувреме беше македонски кандидат за оскар за странски филм и фаворит на публиката на годинашниов Палм Спрингс интернационален филмски фестивал, велат организаторите на програмата на „Риал ток“.
„Риал ток“ е богата мешавина од највозбудливите врвни филмски остварувања. Меѓу неодамнешните гости и прикажани филмови во „Риал ток“ се Дастин Хофман, Емили Блант и други режисери, продуценти и ѕвезди номинирани за годинашниве оскари.
Инаку, на берлинскиот филмски маркет „Трето полувреме” освен во Австралија, обезбеди дистрибуција и во Јапонија и Јужна Кореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура