Подлите напади од страна на опозицијата кон пратеничката Роза Топузова-Каревска продолжија и денеска, откако лидерот на ЛДП, Андереј Жерновски, порача дека таа не може да ги застапува интересите на партијата како пратеник во Собранието и останува сама во Парламентот.
-Во Парламентот ќе настапува независно од партиските одлуки, во иднина ќе се застапува самата себе – вели лидерот на ЛДП.
Топузова-Каревска беше единствената од 34-те пратеници на опозицијата која одби да даде оставка за освоениот пратенички мандат и реши да учествува во работата на Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


