| четврток, 6 декември 2018 |

Форбс: Јорданов останува најбогат Македонец!

forbes_668486S1

Ивица Тодориќ (735 милиони евра), Миодраг Костиќ (520 милиони евра) и Санди Чешко (460 милиони евра) ја предводат овогодишната листа на Forbes на најбогати бизнисмени од регионот, пишува Јутарњи лист. Првото место на сопственикот на Агрокор веќе со години е недостижно, а од Хрватска високо котира и сопственикот на Атлантик група, Емил Тедески, со богатство проценето на 290 милиони евра.

“Кралот на челикот“ Минчо Јорданов, цврсто се држи на првото место на листата најбогати Македонци врз основа на пазарната капитализација на акциите што ги поседува во неколку компании. Опасно му се приближува Андреа Јосифовски, сопственик на енергетската компанија АД Макпетрол

Во Србија, Миодраг Костиќ го симна од тронот Мирослав Мишковиќ, сопственик на Делта Холдинг, чии приходи значително се намалија по судскиот процес што се води против него.

Состојбата во словенечкиот сектор минатата година се подобри, а на листата најбогати прв и понатаму е Санди Чешко, сопственик на најголемата компанија за телевизиска продажба во регионот Студио Модерна. Потоа следат сопружниците Албин и Татјана Добершек (274 милиони евра), основачи на Engineering Dobersek, успешни поради иновациите и патентите

Ново лице на листата на Forbes е Тихомир Брајковиќ од Кисељак, Босна и Херцеговина, сопственик на градежната компанија Tibre Pacifik, додека Томислав Антуновиќ со компанијата AGS, исто така е меѓу најбогатите во БиХ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top