Ќерката на Брус Вилис и Деми Мур, Скаут Вилис реши да го покаже незадоволството поради цензурата на „Инстаграм“ и поради тоа топлес се прошета низ Њујорк.
Таа фотографијата ја објави на нејзиниот профил на „Твитер“ и напиша:
– Легално во Њујорк, но не и на Инстаграм.
Ќерката на популарните актери е револтирана поради гасењето на некои профили на „Инстаграм“ на кои имало провокативни фотографии, а меѓу нив се најдоа Ријана и Меган Тонџес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.