Резултатите од изборите на Европскиот парламент ги зајакнаа мандатите на владејачките партии во Италија и Шпанија, додека резултатите во Грција и Португалија покажаа значителна поддршка за економските реформи, оценува рејтинг агенцијата „Фич“. Одржливите економски и фискални политики во земјите се клучните фактори кои го поддржаа рејтингот во регионот, анализира агенцијата.
Во Италија, централно-левичарската опција на Матео Ренци победи на овие избори со силен одзив на гласачите, а кампањата ја водеше првенствено на прашања за реформи и соодветност на членство во еврозоната на италијанската економија. „Фич“ смета дека тоа е импулс за понатамошни економски реформи на Ренци.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој и централно-десничарската партија освои 26 проценти од гласовите, против 23-те проценти за опозициските социјалисти. Овој резултат е впечатлива бидејќи од крајот на 2011 година воведоа драстични фискални затегања и реформи.
Во Грција и Португалија владејачките партии загубија со само четири, односно 3 процентни поени од главната опозиција. Со оглед на обемот на мерките за штедење наметнати од програмите за спас, изборните резултати покажуваат дека нема голема изборна реакција против фискалните и економските реформи.
Иако ризици за политичката стабилност остануваат во сите четири земји , изборите ги поддржуваат нашите предвидувања дека владите континуирано ќе продолжат со одржливи економски и фискални политики. Сепак, дури и со силна фискална политичка дисциплина во Еврозоната, тешко дека значително ќе се намали јавниот долг во текот на следната деценија без враќање на здраво ниво на економски раст, додава рејтинг агенцијата Фич во својата анализа на изборите за Европскиот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


