Српската министерка за здравство ја смирува јавноста дека доколку и пиеле млеко со гранични вредности на афлатоксин, не се работи за труење. Славица Џукиќ Дејановиќ за српскиот јавен сервис наведува дека ризици за црниот дроб би постоеле доколку млекото со токсинот би се пиело во континуитет цела година, а во Србија случај на афлатоксикоза немало 25 години.
„До неодамна граничната вредност беше 0,5 микрограмови на еден литар, а сега во ниедна мостра немаме откриено повеќе од 0,1“, смирува српската министерка за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


