Влезот на „Филип Морис“ во Македонија, која е најголемата компанија, број еден во светот за производство на цигари, е сигнал до многу други инвеститори дека во државата има добри услови и клима за бизнис. Ова го потенцира денеска премиерот Никола Груевски по промоцијата на нови пет тома од капиталната едиција „Македонски искушенија“.
– Да се влезе во еден таков ланец значи сигурност, стабилност пред се за луѓето кои соработуваат со овој Тутунски комбинат, односно оние кои го продаваат тутунот, тутунарите – рече Груевски.
Појасни дека оваа американска компанија држи најголем дел од пазарите во светот и продава свои брендови. Премиерот Груевски истакна дека нивното присуство во Македонија не означува само стабилност за тутунарите туку, како што рече, ќе значи можност во иднина да има и одредени инвестиции.
– Нам како држава ни помага за една државна компанија од минатото да застане на свои нозе, влегувајќи во едно вакво партнерство. Тоа ќе значи и сериозен сигнал до другите светски глобални корпорации дека Македонија е добро место за правење бизнис, оти има добри услови и клима за бизнис – нагласи Груевски.
Впрочем, додаде, ова го кажа и членот на бордот на „Филип Морис“ на прес-конференцијата при што првата причина што ја наведе зошто влегуваат во Македонија е создадената одлична бизнис-клима. Според премиерот, се работи за компанија која е број 1 во светот во тутунската индустрија и една од најголемите корпорации во светот воопшто, земено од сите други индустрии заедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна
-
Си направи бизнис со џимиринки: Со влог од 500€ заработува милиони
-
ССК: Жените претпримачи да ги искористат можностите за раст и развој на бизнисот



