
Вечерва, центарот „Добредојде” во соработка со галеријата „Грал” организираат добротворна продажна изложба на уметнички дела од истакнати македонски уметници.
Изложбата ќе ја отворат амбасадорката на Србија во Македонија Душанка Дивјак Томиќ, која е и почесен претседател на Меѓународниот добротворен базар 2014 и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски .
Собраните средства ќе бидат наменети за посебното основно училиште „Златан Сремац“- Скопје. Настанот ќе се случи во Галеријата на Тутунска банка (19,30 часот).
Изложбата е преднастан на големиот Меѓународен добротворен базар што четврта година по ред го организираат „Добредојде“ – Маседониа Велкам Центар („Dobredojde“ Macedonia Welcome Center (DMWC) заедно со странските амбасади во Македонија и македонската бизнис заедница.
Базарот ќе се одржи на 7 јуни во Градскиот трговски центар (ГТЦ).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


