| четврток, 6 декември 2018 |

Добротворен настан „Вино и сирење“ во „Сити хол“ во Скопје

vino i sirenje

Вечерва од 20 часот до полноќ ќе се одржи овогодишниот, традиционален настан „Вино и сирење 2014“ во „Сити хол“, а влезниците ќе чинат 500 денари.
Организатор е Меѓународното здружение на жени кое постои повеќе од една деценија и покрај својата примарна функција да биде форум за дружење на жените-странци во Македонија и да обезбедува важни информации за животот во Скопје, им помага на ранливите групи мајки и деца со своите добротворни проекти. Присутните ќе имаат можност одблизу да се запознаат со работата на ова здружение, како и другите две здруженија на граѓани со кои ќе ги подели средствата од добротворниот фонд кои ќе бидат собрани од продажба на влезници, карти за лотарија и тивка аукција.

Добитници на тој фонд оваа година се: Меѓународното здружение на жени, Здружението на граѓани „Позитиво“ и Центарот за Даунов синдром.
На добротворниот настан ќе се дегустираат вина и сирења од македонското поднебје и ќе се ужива со музиката на „Ѓезме“ од Куманово и танцовиот клуб „Денс“.

Поддржувачи на настанот се и многу уметници, компании, здруженија, хотели, салони за убавина и индивидуи кои донираа награди за лотаријата и тивката аукција.
– Како и секоја година, веруваме дека планираните активности ќе бидат само добра основа за уште подобра и понезаборавна забава на која ги покануваме сите граѓани, пријатели, љубители на вино, сирење, музика, танц и дружење. Сето тоа е позначајно ако помислиме дека преку забава пружаме поддршка на ранливите групи кои сакаме да ни се придружат во секојдневното живеење, да бидат дел од сето тоа што се случува и дека им пружаме рака заеднички да чекориме по патот наречен живот – вели Ида Мантон, координатор за односи со јавност на Меѓународното здружение на жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top