Премиерот Никола Груевски во врска со одлуката на СДСМ за излегување од Собранието, истакна дека СДСМ во моментов дејствуваат по инерција и главната стратегија им е да направат што е можно повеќе штета на Република Македонија.
-Шансата на ваков начин да се загуби препораката од Европската Унија е огромна. Мислам дека најсреќен човек во тој момент ќе биде Зоран Заев и ќе скока по еден метар во висина ако дознае дека Македонија ја загубила препораката. Граѓаните тоа го препознаваат, го препознаа и во минатото, го препознаваат и сега. Тоа не е стратегија, тоа е деструктивна политика која ја водеше Бранко Црвенковски, а сега ја продолжува Зоран Заев, потенцираше Груевски.
Премиерот посочи дека тоа е директна штета на граѓаните на Македонија и на државата.
-Во една ситуација на безидејност, кога немаат идеи како да постапат и што да понудат, кога скоро излегоа на избори и во првиот круг понудија свои идеи за кои не ја добија довербата на граѓаните, сега се одлучија на деструктивна политика со која правејќи штета на граѓаните и државата веруваат дека ќе направат корист за сопствената партија, истакна Груевски.
Мислам дека на следните редовни избори, додаде Груевски, ќе ја доживеат најголемата катастрофа што се однесува до поддршката односно неподдршката од граѓаните и жалам што во меѓувреме ќе направат сериозни штети, не само за државата, туку и за сите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?