| четврток, 6 декември 2018 |

Детската претстава „Белиот тигар“ во МКЦ

мкц
Претставата за деца „Белиот тигар“ која ја подготвија членовите на драмското и балетско студио од Детскиот креативен центар при Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи в сабота, во 12 часот, во џебното кино во МКЦ.
Покрај претставата ќе има и годишната изложба која ја подготвија редовните членови на  Ликовното студио на ДКЦ.

За сите заинтересирани влезот е слободен.

Детскиот креативен центар при Младинскиот културен центар работи од 1997-та година и опфаќа деца од најмала па се до 12-годишна возраст.„Тука децата низ игра и дружење ги развиваат своите способности за креативност, ја поттикнуваат и развиваат нивната индивидуалност како и потребата за колективна работа и споделување на предметите со другите деца без разлика на нивниот социјален статус или религиозна припадност. Програмата има за цел да ги поттикне родителите да го поминат слободното време со своите деца, во еден за децата убаво уреден и импресивен простор кој изобилува со многу нагледни и дидактички средства и пораки преку кои и родителите и децата имаат можност да осознаваат и учат нови содржини. Во центарот работат балетското, драмското и ликовното студио кои се постојано отворени за прием на нови членови“ велат од МКЦ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top