Премиерот Никола Груевски во однос на најавите за вонинституционално делување и апанажата на СДСМ истакна дека и во минатото било видено ваков тип на делување од Бранко Црвенковски.
-Видовме излегување на улиците, дебати на улиците, видовме Лади, видовме говори на автомобили, но видовме како на тоа реагираат граѓаните на изборите. И кога Бранко Црвенковски излезе на избори каков пораз доживеа и кога Зоран Заев излезе на избори каков пораз доживеа. Сепак тие одлучија повторно да го направат истото и со тоа да направат штета за Република Македонија – посочи Груевски.
Што се однесува до апанажите, премиерот истакна дека досега не слушнал ниту еден коментар дека тие нема да ги користат апанажите, што значи дека избрале да не бидат во Парламентот, а да користат апанажи.
Граѓаните не ги бираа нив за да земаат апанажи и да седат дома. Граѓаните ги бираа да одат во Парламентот и затоа да бидат платени, потенцираше премиерот Груевски кој денес присуствуваше на промоција на нови дела од проектот „Македонски искушенија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски