Обвинителот Боб Сомбат го пренесе разочарувањето на семејството на Костова од правниот систем поради тоа што речиси цела година се чекало да биде уапсен виновникот. Тој рече дека семејството не било во можност да дојде на изрекувањето на пресудата, но се надевал дека ќе биде задоволно од исходот.
– Задоволни сме од пресудата во име на семејството Костови. Нивната ќерка дојде тука здрава, а се врати дома во ковчег, рече Сомбат.
Како што пишуваше Република пред четири дена, во текот на судењето Каурс се бранеше дека не знаел оти удрил со возилото во човек затоа што неговиот совозач непосредно пред ударот запалил чадна бомба која го задимила џипот. Тој ризнал дека дента пиел алкохол, но негирал дека бил пијан додека возел кога се случила несреќата.
Неговиот пријател го побил неговото сведочење тврдејќи дека непосредно по ударот застанале да проверат дали возилото е оштетено, но не се вратиле на местото на ударот.
Костова беше удрена додека се враќала од работа со велосипед половина час по полноќ, во непосредна близина на станот каде што била сместена. Целата драма ја виделе и нејзините цимерки од терасата на станот кои сведочеле дека џипот се движел со голема брзина. По ударот Костова била во свесна состојба, но поради обилното крвавење лекарите не успеале да ја спасат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.