Веста дека актерката е бремена потврди извор за “Us Weekly”.
24- годишната Хaјден и Кличко (36)се верија минатата година, по тригодишна врска. Актерката во неколку наврати има изјавено дека е подготвена да основа семејство и да стане мајка.
– Чувствувам дека сум родена да бидам мајка, толку многу поминав за моите години – изјави актерката неодамна за списанието „Гламур” и додава дека не и се јасни родителите кои зборуваат дека ќе ви се комплицира животот кога ќе добиете дете.
Иако во многу нешта се разликуваат, Хајден вели дека таа и нејзиниот вереник имаат исти цели во животот и тоа е причината зошто успеваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.