Во македонското млеко нема афлатоксини, ниту други примеси штетни по здравјето на граѓаните, тврди министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски повикувајќи се на сите анализи спроведени во акредитираните лаборатории.
– Контролите се редовни, секојдневни и од преработувачите во нивните сопствени лаборатории, но и интензивирани се и контролите што од Агенцијата за храна и ветеринарство, рече Димовски.
Министерот е дециден дека нема да се толерира увоз на млеко кое содржи какви било штетни материи.
– Освен увезеното млеко, редовно се контролира и внесената сточна храна во земјава, особено од соседните држави. Се врши контрола на секој увоз на земјоделско-прехранбените производи воопшто за да се заштита здравјето на домашните потрошувачи, истакна министерот Љупчо Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.