| четврток, 6 декември 2018 |

Роберт де Ниро: Мојот живот со таткото хомосексуалец

роберт де ниро

Иако е најпознат по улогите на гангстер, полицаец, боксер и мафијашки шеф, американскиот актер Роберт де Ниро ретко говори за својот семеен живот. Сепак, пред прмиерата на документарниот филм „Сеќавање на сликарот Роберт де Ниро постариот“, оскаровецот даде интервју за магазинот „Аут“, кое го пренесе „Холивуд рипортер“.

Актерот својот татко, кој почина од рак на бели дробови пред 20 години, го опишува како голем уметник кој бил збунет поради својата сексуална ориентација. Тој ги напуштил Де Ниро и мајка му, бидејќи не можел да живее во лага. Тогаш признал дека сака мажи.

– Верувам дека бил во конфликт сам со себе, посебно ако се земе предвид на која генерација припаѓал. Кога бев мал, не бев многу свесен за тоа. Би сакал повеќе да разговаравме за тоа. Мајка ми не зборуваше многу, а мене, во тие години не ме интересираше премногу – изјави Де Ниро.

Тој признава дека сепак, имал посебна врска со татко му.

– Не игравме кошарка заедно, но имавме специјална врска. Не поминував многу време со него, бидејќи моите родители беа разведени, но како што велам и во документарецот, секогаш се грижев за наго. Ме обожаваше, како што јас ги обожавам моите деца – вели Де Ниро.

Роберт де Ниро приказната за својот покоен татко ја раскажал благодарејќи на читањето на неговите дневници.

– Сакам моите деца да застанат на момент и да сватат дека некои работи мораш веднаш да ги направиш, наместо подоцна. После може да биде многу доцна – заврши Де Ниро.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top